Фото: EPA-EFE/Isaac Fontana

ВИДЕО | Нејмар постигна гол за Сантос и им одговори на критичарите

По неуспехот со бразилската фудбалска репрезентација на Светското првенство, Нејмар им се врати на своите клупски обврски. Неговиот Сантос ремизираше со Шапекоенсе во натпревар од првенството.

Во претходните денови, Нејмар беше критикуван бидејќи пријави повреда и пропушти тренинг. Сепак, потоа се појави на покер турнир, што предизвика гнев кај навивачите.

Но, во 36 минута од мечот го доведе својот тим во водство. Шапекоенсе постигна два гола за пресврт, а во самиот финиш Нејмар дојде и до својот втор погодок за израмнување.

Нејмар не остана должен на критичарите, а по првиот гол испрати јасна порака. Прво, ја стави раката на увото, алудирајќи на навредите што ги претрпел во претходните денови, а потоа имитираше делење карти, очигледно алудирајќи на бурата предизвикана од неговото учество на покер турнирот.

На табелата Сантос е на 14 место со 22 бодови, Шапекоенсе е на последната 20 позиција со 10 бодови, а водечки е Палмеирас со 44 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот