Дарко Чурлинов/ФФМ

Дарко Чулинов е пред заминување од Кочаелиспор, познато и каде ќе продолжи

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор до нов трансфер, откако започна преговори со Кочаелиспор за предвремен раскин на договорот. Од турскиот клуб потврдија дека разговорите треба да бидат завршени в понеделник.

По официјализирањето на разделбата со Кочаелиспор, Чурлинов се очекува да ги комплетира преговорите со полскиот прволигаш Видзев Лоѓ, кој подолг период го има на својата листа на желби. Доколку не се појават неочекувани пречки, македонскиот фудбалер ќе стави потпис на договор со клубот.

За Чурлинов, враќањето во Полска нема да биде непозната авантура. Тој претходно настапуваше за Јагелонија како позајмен играч, каде со своите игри остави добар впечаток и стекна драгоцено искуство во полскиот шампионат.

Во досегашната кариера, македонскиот репрезентативец беше дел и од неколку познати европски клубови, меѓу кои германските Штутгарт, Келн и Шалке, како и англискиот Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот