Луис Хамилтон/Formula 1

Хамилтон казнет во квалификациите, ќе стартува две позиции поназад

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе стартува три позиции поназад на Големата награда на Унгарија, откако доби казна по завршувањето на квалификациите.

Британскиот возач првично го освои второто место во квалификациската сесија, но стјуардите одлучија да го казнат поради инцидент во последниот дел од квалификациите, кога му го попречи патот на Оскар Пјастри.

Возачот на Мекларен беше принуден да го прекине својот брз круг, бидејќи Хамилтон се најде на идеалната линија. По разгледувањето на снимките и околностите, стјуардите донесоа одлука да му изречат казна од три стартни позиции, што значи дека наместо од второто, трката ќе ја започне од петтото место.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот