Лионел Меси/Selección Argentina

ВИДЕО | Паредес даде изјава за Меси со која ги загрижи Аргентинците

Иднината на Лионел Меси во аргентинската репрезентација повторно е тема во светските медиуми, а изјавата на неговиот соиграч Леандро Паредес дополнително ги засили шпекулациите дека легендарниот капитен би можел да се повлече од националниот тим.

Паредес во разговор со медиумите истакна дека според него Меси веќе донел одлука.

„Мислам дека тој веќе донел одлука. Се надевам дека не е така и дека ќе продолжи да игра, но одлуката е негова. Што и да го прави него среќен, ќе нè направи среќни и нас“, изјави аргентинскиот репрезентативец.

Иако овие зборови ги загрижија аргентинските навивачи, самиот Меси сè уште не се огласил за својата репрезентативна иднина. По завршувањето на Светското првенство, на кое повторно беше меѓу најдобрите играчи на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот