Епидемија на ебола во Конго / Фото: EPA

Хаос во Конго: еболата коси, над 3.000 луѓе се заразени, а лекари штрајкуваат

Здравствените работници во Центарот за лекување на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго денеска стапија во штрајк, барајќи исплата на заостанатите плати, со што е нарушена грижата за пациентите во епицентарот на галопирачката епидемија во африканската земја, јави „Ал Џазира“.

Бројот на потврдени случаи на болеста во Конго надмина 3.000, а повеќе од 1.300 луѓе починале, велат надлежните додавајќи дека ова е најбрзо ширечката епидемија на ебола досега регистрирана во земјата.

Работата во Центарот за лекување на ебола „Еликија“ во Бунија во покраината Итури, е во прекин откако лекарите, медицинските техничари и обезбедувањето стапија во штрајк.

Стотина здравствени работници денеска протестираа пред Центарот, наведувајќи дека неисплатените додатоци ја поткопуваат мотивацијата и ја нарушуваат грижата за пациентите. Тие ги повикаа конгоанските власти да ги исплатат заостанатите средства за да можат да се вратат на работа.

Според Светската здравствена организација, од почетокот на епидемијата со вирусот се заразиле повеќе од сто здравствени работници.

Конго од 15 мај се соочува со епидемија предизвикана од реткиот сој на вирусот ебола, „бундибуџо“. Според податоците на Министерството за здравство, во изолација или на болничко лекување се наоѓаат 766 пациенти, додека 540 луѓе досега закрепнале.

Источната покраина Итури опфаќа речиси 90 отсто од сите потврдени случаи на зараза во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот