Сара Гилсон - Фото: Инстаграм/Sara Gilson

Американец ја уби сопругата инфлуенсерка која на „Тикток“ го обвини дека е педофил

Американската инфлуенсерка Сара Гилсон е убиена од својот сопруг, со кого била во процес на развод, само неколку недели откако јавно го обвини за педофилија во видео објавено на Тикток, објави „Ен-би-си њуз“.

43-годишната Гилсон била смртно застрелана во четвртокот во градот Овасо, во американската сојузна држава Оклахома. Според полицијата, осомничен е нејзиниот сопруг Џеремаја Дафи, кој на социјалните мрежи бил познат како Шон Дафи.

На 11 јули, Гилсон, која имала повеќе од 30.000 следбеници на ТикТок, објави видео во кое го обвини сопругот дека е педофил.

@mrsgilson I wish I was joking. #plottwist #netflix #documentary ♬ original sound – Sara 🌸🐚🌺

„Се подготвувам за денот кога Нетфликс ќе сними документарец за мојот наскоро поранешен сопруг, за кого штотуку дознав дека е педофил“, напиша таа.

Видеото беше дел од популарен тренд на Тикток, во кој корисниците глумат дека даваат интервју за документарен филм на Нетфликс.

Околу еден месец пред објавата, на 10 јуни, Сара Гилсон добила итна забрана за приближување против Дафи, откако полицијата ја известила дека против него постојат обвинувања за сексуално вознемирување на малолетничка.

Според истрагата, ден претходно девојче и негов родител пријавиле дека Дафи, кој бил тренер на младински кошаркарски тим, несоодветно ја допирал девојката за време на настан во основно училиште. Друг тренер го забележал инцидентот, веднаш реагирал и го пријавил случајот.

Полицијата соопшти дека слично однесување од страна на Дафи кон истата малолетничка било пријавувано подолг период и во повеќе американски држави.

Поради тоа што осомничениот е припадник на племето Осејџ, а инцидентот се случил на племенска територија, предметот бил предаден на Федералното обвинителство на САД.

Во четвртокот доцна вечерта полицијата добила повик за семејно насилство. Диспечерите слушнале женски крик, а потоа и звук што наликувал на истрел.

Неколку моменти подоцна, момче се јавило на бројот за итни случаи од соседна куќа и пријавило дека неговиот очув ја застрелал мајка му.

Кога полицијата пристигнала на местото, ги пронашла Сара Гилсон и Џеремаја Дафи мртви, со прострелни рани на главата.

Истрагата е во тек, но првичните информации укажуваат дека станува збор за убиство проследено со самоубиство.

Синот на Сара бил привремено згрижен од надлежните служби, а подоцна бил предаден на друг родител кој не бил вмешан во случајот. Зад себе Гилсон остави син и ќерка.

Во онлајн кампања за помош на нејзините деца, блиските ја опишуваат како посветена мајка која целиот свој живот им го посветила на своите деца и работела напорно за да им обезбеди подобра иднина.

Германска инфлуенсерка почина по велосипедска несреќа за време на медениот месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот