Извор Министерство за здравство
Извор Министерство за здравство

Уште од 14 јули гостиварци почнале масовно да одат по лекари, пет дена пред да биде прогласена епидемија, вчера хоспитализирано едно дете

Уште на 14 јули гостиварци почнале масовно да бараат лекарска помош поради проблеми со стомакот, дијареа и повраќање, а здравствените власти епидемија прогласија 5 дена подоцна, на 19 јули. Ова произлегува од денешната статистика што Министерството за здравство им ја испрати на медиумите. Според неа, во општата болница Гостивар на 14 јули имало дури 164 прегледи, а во Здравствениот дом дополнителни 160 прегледи, што го прави кумулативниот број на прегледи само овој ден  324. Следниот ден, на 15 јули бројот на пациенти алармантно растел, а епидемија не само што не беше прогласена, туку гостиварци не беа информирани ни за состојбата на водата од земените мостри од страна на Центарот за јавно здравје Тетово подружница Гостивар, надлежна да ја контролира водата по налог на ЈП Комуналец Гостивар.

Според министерот за здравство Сашо Клековски, две од овие мостри покажувале отстапување во мерните единици, односно укажувале на неисправна вода за пиење а за тоа на граѓаните ниедна институција од здравството не се најде повикана да им каже. На 15 јули, два дена пред Агенцијата за храна да ја забрани водата за пиење и техничка употреба, во Гостивар во општата болница и во здравствениот дом лекар барале 456 луѓе. Следниот ден на 16 јули имало 381 што побарал лекарска грижа, а на 17 јули, кога Обвинителството веќе беше влезено во предистрага и беа собрани мострите од спорните делови на водоводната мрежа загадена со фекалии, на лекар се јавиле 572 лица.

Пикот на заразата бил на 18 јули кога 649 лица од гостиварско се јавиле на лекар. Откако беше забранета водата за пиење и за техничка употреба, бројот на заболени што бараат лекарска помош, почнал да опаѓа, но вчера имало 125 први прегледи на граѓаните кои и понатаму ги чувствуваат симптомите. Вчера хоспитализирано е и едно дете на одделот Педијатрија во гостиварската општа болница „Д-р Ферид Мурад“. Од 4.070 случаи досега, епидемиолошка анкета им е направена на 523 граѓани.

Извор Министерство за здравство
Извор Министерство за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Гостивар утре ќе добие технички исправна вода за пиење, но забраната за пиење на водата останува.

Официјално: гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле вода со фекалии, ЦЈЗ Гостивар доставил извештај дека водата може да се пие!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот