Ракети погодија ирански брод во Каспиското Море, Техеран ја обвини Украина
Иранското Министерство за надворешни работи остро го осуди нападот врз ирански трговски брод во Каспиското Море, за кој Техеран ја обвинува Украина. Во инцидентот, според иранските власти, загинал еден член на екипажот, додека друг бил повреден, пренесува „Ал Џазира“.
Препорачано
Нападот се случил рано во саботата, при што на бродот дошло до експлозија. Иранското Министерство за надворешни работи оцени дека станува збор за кршење на член 2, став 4 од Повелбата на Обединетите нации и го опиша инцидентот како чин на агресија што може дополнително да го прошири конфликтот.
„Нападот на украинските сили врз ирански трговски брод во Каспиското Море е продолжение на непријателскиот и неразумен пристап на режимот кон Исламската Република Иран“, се наведува во соопштението објавено на каналот на Министерството на „Телеграм“.
Од Техеран посочуваат дека Иран не е страна во конфликтот меѓу Русија и Украина и ги повикаа Советот за безбедност на ООН, европските земји и останатите членки на Обединетите нации да заземат одговорен став и да побараат од украинските власти да понесат одговорност за нападот.
Иранското Министерство дополнително предупреди дека земјата ќе ги штити своите национални интереси и безбедност, повикувајќи се на правото на самоодбрана согласно меѓународното право.
„Исламската Република Иран, во согласност со основните принципи и правилата на меѓународното право, особено правото на самоодбрана, нема да се двоуми да ги брани своите интереси и националната безбедност“, се наведува во соопштението.
Нови 30.000 војници од Северна Кореја се на пат кон Русија, тврди Зеленски


