Ландо Норис победник на трката за Големата награда на Унгарија
Откако беше најбрз во квалификациите, актуелниот светски шампион Ландо Норис, членот на Мекларен ја запиша својата прва победа во Формула 1 сезоната на Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг, а уште еден шампион, четирикратниот победник Макс Верстапен од Холандија со Ред Бул, ја помина целта втор.
Препорачано
Последното место на подиумот го искачи лидерот во генералниот пласман, Италијанецот Кими Антонели од Мерцедес. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши на четвртото место, а неговиот тимски колега, седумкратниот шампион Луис Хамилтон се најде на петтата позиција.
Водечкиот Антонели ја зголеми својата предност пред второпласираниот Хамилтон и тимскиот колега Џорџ Расел, кој ја заврши трката на седмото место. Италијанецот сега има 219 бодови, Хамилтон 169, додека Расел е девет бодови зад својот сонародник од Ферари. Со победата, Норис ја намали својата разлика во генералниот пласман од четвртиот Леклер (138) на само 10 бодови.
Во шампионатот на конструктори, Мерцедес е водечки (379 бодови), по него следуваат Ферари и Мекларен.
Ф1 сезоната прави летна пауза, а следната трка во Холандија во Зандворт е закажана за периодот од 21 до 23 август.
LANDO NORRIS WINS THE HUNGARIAN GRAND PRIX!! 🏁🏆🎉#F1 #HungarianGP pic.twitter.com/tYrJ7ZuI9C
— Formula 1 (@F1) July 26, 2026


