Фото: mtftennis.mk

Обрад Марковски со нова титула во двојки на турнирот во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Обрад Марковски го освои трофејот на меѓународниот турнир М15 што се одржа во Куршумлијска Бања, Србија.

Марковски заедно со Марко Милосављевиќ од Австрија се закитија со титулата на турнирот во двојки.

Во осминафиналето Марковски и Милосављевиќ во осминафиналето триумфираа со 2:0 во сетови 6:3 и 6:1 против Италијанците Леонардо Катанео и Матијас Писану.

Потоа, во четвртфиналето остварија победа против уште една италијанска двојка, третите носители на турнирот, Себастијано Кокола и Лоренцо Комино (7:5, 6:2).

Во полуфиналето ги совладаа Холанѓаните Јулиус Булт и Елгин Хоеблал со 6:3 и 6:4.

И во финалниот меч за титулата, Марковски и Милосављевиќ со 7:5 и 6:2 славеа против Никита Белозерцев од Узбекистан и Иван Грецки, кои беа втори носител на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот