Фото: ФК Силекс

Силекс со шест погодоци за одличен старт во Првата лига

Денеска во првото коло од новата сезона во Првата македонска лига, фудбалерите на Силекс на домашен терен убедливо со 6:0 го совладаа Башкими.

На теренот во Кратово во текот на натпреварот видовме по три голови во двете полувремиња.

Гол серијата ја почна Дарко Илиески во третата минута, а предноста на домашниот тим се зголеми по автоголот на Габриел Тенлеп во осмата минута.

Во листата на стрелците се запиша и Мирза Делимеѓац за веќе високо водство од 3:0 по 29 минути игра во мечот.

Погодоците во гостинската мрежа продолжија во вториот дел, за 4:0 се погрижи Нихад Шеро во 61 минута, а Есмир Хасукиќ стрелаше за 5:0 во 75 минута од средбата.

Веќе во следниот напад на Силекс, Никола Манојлов постигна гол за поставување на конечниот епилог (76`).

Во следното коло Силекс на 8 август ќе гостува кај Шкендија Арачиново, додека Башкими истиот ден ќе го пречека Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот