ВИДЕО | Трагедија во Русија: Петмина Босанци загинаа – „Заминавте како што се запознавте, на планинските врвови“
Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа на највисокиот планински врв во Европа и Русија Елбрус. Меѓу загинатите се босанските државјани Алма и Денис Окановиќ.
Препорачано
-Најдраги мои, заминавте како што се запознавте, на планинските врвови, пишуваат блиските на социјалните мрежи простувајќи се од загинатите во оваа голема трагедија.
View this post on Instagram
Експедицијата во која била брачната двојка, имала 7 члена, и не ангажирала водич, а помош побарале при спуштањето од планината. Двајца членови на експедицијата преживеаа, а руските истражни органи покренаа истрага за околностите на трагедијата.
Рускиот истражен комитет, како надлежен орган, ѝ достави на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Москва официјални информации во врска со несреќата на врвот Елбрус, во која настрада група планинари од Босна и Херцеговина. Според амбасадорот Иван Орлиќ, потврдено е дека седум државјани на Босна и Херцеговина учествувале во искачувањето на врвот на Елбрус.
Еден од членовите на тимот Кемал Видимлиќ се вратил во една од станиците и пријавил дека двајца членови на експедицијата не се чувствуваат добро. Станува збор за Нермин Талам (роден 1982 година) и Алмир Кривдиќ (роден 1963 година), кои починаа. Видимлиќ и Харис Адиловиќ се во болница и добиваат медицинска помош, додека Алма Окановиќ, Денис Окановиќ и Мелиха Чаушевиќ во моментов се водат како исчезнати и во тек е интензивна потрага по нив.
Операцијата на планината Елбрус е во тек и во неа учествуваат 16 спасувачи, но нивните напори се отежнати поради исклучително тешките временски услови. Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Нермин Никшиќ најави дека ќе биде прогласена тридневна жалост.


