Анди Спахиу, фото Фејсбук
Анди Спахиу, фото Фејсбук

Младо момче почина во Косово, се задушило јадејќи лубеница

Младо момче починало откако се задушило со парче лубеница во Косово, пренесуваат медиумите.

Се известува дека 32-годишниот Анди Спахиу првично бил пренесен со брза помош во Универзитетскиот клинички центар на Косово откако парче од овошјето му заглавило во грлото и му предизвикало ненадејни и сериозни проблеми со дишењето.

И покрај напорите на медицинскиот персонал, лекарите вчера во 14 часот и 15 минути констатирале смрт.

Надлежните полициски единици пристигнале на местото на настанот, додека за случајот бил известен и обвинител.

По наредба на обвинителот, почната е истрага за смртта, додека телото е испратено во Институтот за судска медицина каде што ќе се изврши обдукција за да се разјаснат сите околности на смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот