Почнува 48. Илинденски коњички марш — коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладне ќе тргнат 40-тина коњаници кои на 2 август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден.

Меѓу учесниците на 48. традиционален Илиденски коњички марш има и пет девојки. Тие на 31 јули ќе се спојат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на коњичкиот марш.

„На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство“ информира прес-службата на Општина Аеродром.

Традиционалниот Илинденски коњички марш се одржува секоја година во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот