Slavko Vincic/EPA-EFE/Georgi Licovski

Славко Винчиќ по финалето на Мундијалот ја завршил кариерата?

Словенечкиот арбитар Славко Винчиќ, според информациите што ги објавија повеќе светски медиуми, ставил крај на својата богата судиска кариера веднаш по финалето на Светското првенство, во кое ја делеше правдата на дуелот меѓу Шпанија и Аргентина, завршен со победа од 1:0.

Винчиќ на 19 јули ја доби најголемата чест во својата кариера, да биде главен судија на мундијалското финале, што воедно претставува и врв на неговиот долгогодишен ангажман на меѓународната сцена. Според истите извори, искусниот словенечки судија решил да се повлече од активното судење на 46-годишна возраст.

Сепак, и покрај бројните медиумски објави, засега нема официјална потврда ниту од ФИФА, ниту од самиот Винчиќ дека донел конечна одлука за пензионирање.

ВИДЕО | Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот