Детски тетоважи/Фото: Kindel Media/Pexels

Ако детето ви побара привремена тетоважа, размислете двапати — резултатите од новото истражување се загрижувачки

Привремените тетоважи со мотиви на еднорог, змејови и други детски фаворити се вистински летен хит, но новото лабораториско тестирање покажува дека можеби не се безопасни. Анализата што ја спровеле Работничката комора на Горна Австрија (AK OÖ) и Гринпис открила голем број спорни супстанции во популарните детски тетоважи. 

Загрижувачки резултати

Од 15 анализирани производи, дури 13 не ги исполниле критериумите. Независна лабораторија открила вкупно 31 сомнителна хемикалија, а во една тетоважа биле пронајдени дури 12 различни штетни материи. Во Работничката комора затоа зборуваат за вистински „хемиски коктел“ .

Експертите пронашле растворувачи забранети во Европската Унија, омекнувачи и полициклични ароматични јаглеводороди (ПАУ). Овие материи се поврзуваат со ризиците за репродуктивното здравје, а некои се сметаат и за потенцијално канцерогени. Во речиси сите примероци биле откриени и тешки метали како олово и никел, јавува „Хојт“.

Пронајдени се и „вечни хемикалии“

Анализата открила уште една причина за загриженост. Во четири тетоважи биле пронајдени таканаречените „вечни хемикалии“ (ПФАС), а во некои и ПТФЕ, попознат како тефлон.

Иако измерените концентрации биле во рамките на моментално дозволените граници, според наводите на експертите, тие би ги надминале ограничувањата пропишани со планираната забрана за ПФАС на ниво на Европската Унија.

Производи без список на состојки

Критики беа упатени и до „Амазон“.  Кај три тестирани производи купени преку таа платформа воопшто не бил наведен со закон пропишаниот список на состојки. Ова значи дека клиентите не можат да знаат какви хемикалии ставаат на кожата на своите деца.

Бараат построги правила

Од Работничката комора предупредува дека резултатите од тестовите откриваат сериозни недостатоци во постоечките прописи за хемикалии. Сегашните правила генерално ја проценуваат безбедноста на поединечните материи, но не го земаат предвид нивниот заеднички ефект кога се наоѓаат во истиот производ.

Поради тоа AK OÖ и Гринпис бараат построги прописи што би ги опфатиле токму таквите хемиски мешавини, како и целосна забрана за ПФАС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот