ВИДЕО | Крвава пукотница во Сиетл: тројца загинаа, рането е дете
Вооружени напаѓачи синоќа пукаа на фестивал во американскиот град Сиетл, при што загинаа тројца луѓе, а четворица беа ранети, меѓу кои и мало дете, објави „Сиетл тајмс“.
Препорачано
Истрели одекнале околу 18 часот во „Сиетл центар“, каде што илјадници луѓе се собрале на фестивалот на храна „Бајт оф Сиетл“, кој се одржувал во текот на викендот.
Сведоци опишаа хаотична сцена, при што голем број посетители трчале и барале засолниште низ комплексот.
Градоначалничката на Сиетл, Кејти Вилсон, во соопштение изјави дека полицијата привела еден осомничен напаѓач. Друг осомничен сè уште бил во бегство, изјави помошник-началникот на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис.
„Можно е да има и други. Сè уште се обидуваме да утврдиме што точно се случило“, изјави Дејвис.
Тој додаде дека се чини оти напаѓачите пукале едни кон други. На местото биле пронајдени два пиштола. Мотивот за пукањето засега не е познат.
Video: Shots heard, people fleeing at Seattle Center in Washington state. Reports of multiple victims.
Livestream: Hawaiian Honey Cones. pic.twitter.com/YGv30969z2
— AZ Intel (@AZ_Intel_) July 27, 2026
Новинар на „Сиетл тајмс“, кој се наоѓал во близина на арената, слушнал неколку силни истрели.
Естан Ваконабо, кој бил на фестивалот со својата девојка, изјавил дека ги слушнал истрелите. Настанот бил толку преполн што тие едвај можеле да се движат меѓу долгите редици за храна.
Кога луѓето почнале да бегаат, некои се сопнувале и паѓале едни врз други, а тој и неговата девојка останале на местото.
„Беше целосен хаос“, изјавил тој.
Противпожарната служба соопшти дека екипите на местото им укажале помош на уште пет луѓе: двегодишно момче, 23-годишен маж, 39-годишна жена и 56-годишна жена, кои биле пренесени во болница. Една 40-годишна жена се здобила со полесни повреди.
Медицинскиот центар „Харборвју“ соопшти дека сите четворица пациенти кои биле примени имале прострелни рани.
Портпарол на болницата првично изјави дека 56-годишната жена била на операција и во критична состојба, додека останатите биле во стабилна состојба.
„Семејствата погодени од трагедијата го преживуваат најтешкиот момент во својот живот, а целата заедница се обидува да разбере како собирот организиран околу културата, поврзувањето и радоста заврши со пукање“, рече градоначалничката Вилсон.
ВИДЕО | Маж со нож и шрафцигер ранил двајца њујорчани во Менхетен


