Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Работи што мажите ги забележуваат кај жените во кревет, но никогаш нема да им ги кажат

Сексот е една од најинтимните активности што можеме да ги имаме со некого, па затоа е сосема природно што се грижиме за многу различни нешта: дали им изгледаме убаво, дали ги забележуваат тие чудни стии или мислат дека не сме добри во кревет.

Сте се запрашале ли некогаш што навистина забележуваат мажите во кревет? Дали навистина ги гледаат тие ситници што ги оптоваруваат жените? Според порталот „Јор танго“, ова е вистината за тоа што мажите забележуваат во кревет и дали навистина треба да се грижите за тоа.

Вашите „мани“

Да, го гледа салото на стомакот, да, ги гледа стриите, па дури и акните. Но не кажува ништо – бидејќи не му е гајле. Доволно сте му драги за да има секс со вас, а тоа кажува сè. За него сте прекрасни.

Вашата затегнатост

Ретко се среќава навистина „опуштена“ вагина. Ако чувствувате напнатост околу тоа, можете да го зајакнете долниот дел со Кегелови вежби.

Фризурата „долу“

Особено е важна ако тој практикува орален секс. Барем истуширајте се и одржувајте хигиена таму. Тоа ќе го направи искуството пријатно и за него и за вас.

Вашата реакција на неговите мани

Ако со рака преминете преку неговите лузни или акни, тој ќе го забележи тоа. Иако знае дека ги има, во тие моменти може да стане свесен и несигурен. Затоа, ако можете, игнорирајте ги и неговите несовршености. Никој од вас не е совршен.

Колку ви се допаѓа

Мажите сакаат да знаат дека се посакувани. Ако изгледате како да сте на пат за забар, ќе го забележи тоа и можеби ќе се повлече.

Колку уживате во сексот

Мажите го забележуваат вашето стенкање, движењата на телото и оргазмите. И уживаат во сето тоа. Ако не покажувате возбуда или изгледате досадено, можеби нема да сакаат да имаат секс повторно.

Посебните вештини

Онаа неверојатна работа што ја правите со јазикот? Да, ќе ја забележи, ќе ја обожава  и ќе се сеќава на неа. Ако сте „рок ѕвезда“ во кревет, не се воздржувајте – секогаш ќе ја памети таа сцена и ќе посака повторно да биде со вас.

Вашите омилени „точки“

Секоја жена е различна. Мажот сака да знае што ви се допаѓа, каде сакате да ве допира и какви фетиши евентуално имате.

Вашиот труд

Некогаш мажите се наоѓаат со жени кои не вложуваат никаков труд. Ако сакате да бидете одлични во сексот, преземете иницијатива и направете нешто што ќе му годи. Тие навистина не бараат многу – само да покажете дека сте заинтересирани и подготвени да учествувате.

Емоциите по сексот

Мажите сакаат да се чувствуваат добро по сексот. Тие, исто како и жените, посакуваат интимност и галење. Ако тоа го нема, можно е да не сакаат да имаат секс повторно или да не се чувствуваат пријатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот