Фото: Wikimedia Commons

Кинески производител на чипови сруши рекорди на берзата, вредноста скокна на речиси 500 милијарди долари!

Акциите на CXMT скокнаа за повеќе од 470 проценти на првиот ден од тргувањето, собирајќи 8,6 милијарди долари во втората најголема трансакција во кинеската историја и дополнително зацврстувајќи ја својата позиција во глобалната трка за мемориски чипови со вештачка интелигенција. Акциите на кинескиот производител на мемориски чипови силно пораснаа денес по отворањето на тргувањето во Шангај. Компанијата скокна за 472 проценти во текот на првиот ден од тргувањето, а до раните попладневни часови порасна за 462 проценти.

Ова го направи CXMT највредната котирана компанија во Кина, со пазарна капитализација од околу 3,3 трилиони јуани, или повеќе од 487 милијарди долари. Понудата на пазарот STAR на Шангајската берза, позната и како Одбор за иновации во науката и технологијата, собра најмалку 8,6 милијарди долари за компанијата.

Цената во понудата беше 8,66 јуани, или 1,3 долари по акција, и тоа е втора најголема трансакција во Кина, по понудата на Земјоделската банка на Кина во 2010 година. CXMT е основана во 2016 година во источниот кинески град Хефеј и е меѓу најголемите светски производители на DRAM мемориски чипови, кои се користат во ВИ-сервери, автомобили, паметни телефони и компјутери.

Компанијата е меѓу производителите кои профитираа силно од проширувањето на вештачката интелигенција, бидејќи Кина се стреми да ја зајакне технолошката самоодржливост и покрај ограничувањата на САД за напредна опрема за производство на чипови- објави Ројтерс.

Кајл Чан од „Брукингс институшн“ рече дека „CXMT игра клучна улога во развојот на вештачката интелигенција во Кина, особено во услови на контрола на извозот од САД“.

Според него, компанијата се смета за најдобра шанса на Кина да развие напредни HBM мемориски чипови, но сè уште е ограничена од тесни грла во синџирот на снабдување и тежок пристап до најнапредните алатки за производство. Приходите на CXMT се зголемија на 50,8 милијарди јуани, или 7,5 милијарди долари, во првите три месеци од 2026 година, што е зголемување за повеќе од 700 проценти во однос на истиот период претходната година. „Каунтерпоинт рисрч“ наведува дека компанијата држела околу осум проценти од глобалниот пазар на DRAM чипови според испораките во 2025 година, додека во првите три месеци од оваа година тој удел пораснал на приближно девет проценти.

АМД и Мета најавија договор за чипови со вештачка интелигенција вреден 100 милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот