Граничен премин Богородица, фото: принтскрин од alltrafficcams.com

Грчките цариници штрајкуваат, преминот „Евзони“ е во застој

Грчките цариници денеска штрајкуваат, поради што се очекуваат гужви на граничните премини од грчката страна – „Евзони“ (Богородица), „Дојрани“ (Дојран) и „Ники“ (Меџитлија). На преминот „Евзони“ утрово сè е во застој, а рампите се спуштени, пренесува Б92.

Патниците кои денеска патуваат кон Грција или се враќаат од Грција треба да сметаат на забавен сообраќај и подолги задржувања на одредени гранични премини.

На трите премини патничките возила ќе се пропуштаат еднаш на секои 10 минути во периодот од 6 до 10 часот по грчко време, додека товарниот сообраќај е целосно запрен.

Поради ваквиот режим се очекуваат подолги задржувања и формирање колони, особено на преминот „Евзони“, кој во летната сезона е најфреквентен за туристите што патуваат кон грчките летувалишта.

Туристичките организации им препорачуваат на возачите пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини, да планираат дополнително време за патување и да бидат подготвени за можни чекања.

Иако се очекува по завршувањето на штрајкот сообраќајот постепено да се нормализира, зголемениот број возила би можел да предизвика задржувања и во текот на остатокот од денот.

Вчера пак, на преминот „Богородица“ (Евзони) немаше многу чекање, односно тоа беше околу 30 минути.

Нема многу чекање на „Богородица“ претпладнево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот