Авион на „Норвежијан ер шатл“ / Фото: EPA/KYRRE LIEN

Драма на лет за Дубровник: пукнал прозор и авионот итно бил пренасочен кон Виена

Авион на компанијата „Нервежијан ер шатл“ утрово принудно слетал во Виена, откако еден од прозорците пукнал за време на летот, неофицијално дознава „Дубровачки дневник“.

Авионот на летот DY1922 полетал од Осло во 6:45 часот и требало да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дурбовник околу 9:40 часот, но за време на летот, еден од прозорците бил оштетен, поради што екипажот одлучил да го пренасочи летот како мерка на претпазливост и принудно да слета на меѓународниот аеродром во Виена.

Авионот безбедно слетал во главниот град на Австрија. Станува збор за Боинг 737-800 кој е стар помалку од 12 години.

Според информациите со кои располага „Дубровачки дневник“, на патниците треба да им се обезбеди авион за замена кој ќе го продолжи патувањето од Виена до Дубровник во попладневните часови.

„Ни понудија само нов лет“ — Србинот кој речиси излета од авионот, бара отштета од „Ранајнер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот