Фото: EPA/MIQUEL A. BORRAS

ВИДЕО | Демонстранти и полицајци се судрија во Палма де Мајорка, службите пукаа со гумени куршуми

Полицајци вооружени со палки синоќа испукувале гумени куршуми врз учесниците на протестите против масовниот туризам во шпанскиот остров Мајорка, откако избувнале судири меѓу демонстрантите и полицијата. Во инцидентите биле повредени најмалу седум лица, пренесе Сан.

Според проценките, на протестот во Палма учествувале околу 25.000 демонстранти. До судирите дошло кога полицијата поставила барикади за да ја пренасочи планираната рута на протестната поворка, но дел од учесниците ги прескокнувале бариерите.

Откако полицајците со палки удриле неколку демонстранти, дел од учесниците почнале да фрлаат шишиња кон припадниците на полицијата, по што полицијата возвратила со гумени куршуми.

Демонстрантите извикувале дека Палма де Мајорка „ги достигнала своите граници“ и се заканиле дека ќе го блокираат туристичкиот град.

Дел од нив носеле транспаренти со натписи: „Спасете ја Мајорка“, „Туристи, одете си дома“, „Туризам = уништување“ и „Помалку туризам, повеќе живот“.

Учесниците на протестот побарале ставање крај на масовниот туризам на островот, тврдејќи дека големиот број туристи го намалува квалитетот на живот на локалното население.

Ова е трето лето по ред како во Палма де Мајорка се организираат масовни протести против туризмот. На претходните демонстрации, туристите беа прскани со водени пиштоли.

Во извештај за туризмот објавен лани, Мајорка беше најпосетуваната дестинација со регистрирани над 51 милион ноќевања, по што следуваа Париз со речиси 44 милиони и Рим со 41 милион.

Мајорка најпосетувана со 51 милион ноќевања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот