Милеи со моторна пила во кампањата - Фотографија Profimedia

Аргентинскиот лидер го налути Бразил, рече дека претседателот Лула е „крадец“

Бразилското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека го повлекло својот амбасадор од Аргентина откако претседателот Хавиер Милеи ги навреди бразилските функционери за време на престојот во земјата, објави „Асошијатед прес“.

Одлуката беше донесена еден ден откако Милеи престојуваше во Сао Паоло, каде што учествуваше на настан на кој бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, беше потврден како претседателски кандидат на партијата на неговиот татко.

За време на говорот на саботниот настан, Милеи, меѓу другото, го нарече бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва „крадец“ и „осуденик“.

Милеи, исто така, го нарече судијата на бразилскиот Врховен суд Александре де Мораес „ѓубре“, откако тој му забрани на аргентинскиот претседател да го посети Жаир Болсонаро, кој е во домашен притвор и издржува 27-годишна затворска казна поради обид за државен удар.

Претседателот на Врховниот суд, судијата Едсон Фахин, изјави дека коментарите на Милеи претставуваат „непочитување кон судија на највисокиот суд во земјата, изречено на бразилско тло“.

Портпарол на бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека амбасадорот Хулио Бители бил повлечен на консултации по изјавите на Милеи.

Голем скандал во Аргентина – луѓе блиски до претседателот Милеи се вмешани во поткуп

Поранешниот аргентински претседател, Алберто Фернандез, ги осуди навредите на Милеи.

„Милеи отиде во Бразил и викаше како лудак, барајќи да види човек кој е во затвор поради обид за државен удар. Неопростливо е да го навредувате претседателот на братска земја и наш главен трговски партнер“, напиша Фернандез на „Икс“.

Во меѓувреме, гувернерот на провинцијата Буенос Аирес, Аксел Кисилоф, кој е потенцијален кандидат на општите избори следната година, соопшти дека разговарал со бразилскиот министер за надворешни работи „за да му пренесе дека Милеи не ги претставува чувствата на аргентинскиот народ“.

Тој рече дека „со длабок срам“ гледал како претседателот Милеи ја навредува и омаловажува бразилската влада, нејзиниот претседател и целата земја.

„Од провинцијата Буенос Аирес, ние потврдуваме дека Аргентина ги почитува своите братски земји и е посветена на регионалната интеграција“, додаде тој.

Кисилоф истакна дека Бразил е главниот трговски партнер на Аргентина и оцени дека „со овие провокации Милеи ги загрозува инвестициите, извозот, илјадници работни места и интересите на Аргентина, сето тоа за да поддржи кандидат по налог на Трамп“.

Лула се обидува да освои нов претседателски мандат, а на изборите ќе се соочи со сенаторот Флавио Болсонаро, чие семејство има блиски врски со администрацијата на Трамп.

Лула да Силва му порача на Трамп: Демократијата и суверенитетот на Бразил не се предмет на преговори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот