Фото: Италијанска финансиска полиција

Голема заплена во Атлантикот: Пронајдени 2,6 тони кокаин вреден 500 милиони евра

Италијанската финансиска полиција денеска објави дека запленила повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објави Ројтерс.

Кокаинот беше откриен на брз прекуокеански чамец, а четири лица на него беа уапсени. Станува збор за двајца Шпанци, еден Гибралтарец и еден Албанец кој живее во Италија. Италијанската Финансиска управа соопшти дека шверцерите користат вакви пловила за да собираат нелегален товар фрлен во море од големи товарни бродови од Јужна Америка.

Операцијата била спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а истрагата била координирана од италијанските обвинители во Бреша.

„Вредноста на кокаинот на големо се проценува на приближно 78 милиони евра. Доколку дрогата стигнеше до крајниот пазар и беше подготвена за продажба, можеше да оствари профит од околу 500 милиони евра“, се вели во соопштението на италијанската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот