Пожар во Франција / Фото: EPA/SOPHIE GARCIA

Шумските пожари се приближуваат кон Бордо — Макрон свика итен кризен состанок

Поради драматичната ситуација и пожарот што се приближи само на 15 километри од пристанишниот град Бордо, францускиот претседател Емануел Макрон за денес свика итен кризен состанок на кабинетот.

Југозападниот дел од Европа е под опсада од катастрофални шумски пожари што беснеат во Франција и Шпанија со денови. Додека огнената стихија опасно се приближува до францускиот град Бордо, повеќе од 330.000 луѓе се евакуирани во двете земји, пренесува Би-би-си.

Ситуацијата би можела дополнително да се влоши оваа недела со ново зголемување на температурите во најтешко погодените области. Бидејќи не се очекуваат дождови, пожарникарите се тркаат со времето за да ги стават пожарите под контрола пред условите повторно да се влошат.

Поради драматичната ситуација и пожарот што се приближи само на 15 километри од пристанишниот град Бордо, францускиот претседател Емануел Макрон за денес свика итен кризен состанок на кабинетот. Евакуирани се хотелите во зоната на аеродромот во Бордо.

Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, потврди дека во моментов нема планови за евакуација во градот со околу 850.000 жители, но предупреди дека најавениот нов топлотен бран, со температури што би можеле да надминат 40 степени Целзиусови, дополнително ќе ја комплицира работата на противпожарните служби.

„Не знаеме како ќе се шири пожарот, фронтот на пожарот постојано се движи. Не можеме директно да се бориме против него – ова е сценарио Давид наспроти Голијат“, рече Ерик Брокарди, портпарол на Националната федерација на француски пожарникари, додавајќи дека само три дена обилни дождови би можеле да ја спасат ситуацијата.

Ситуацијата во францускиот регион Жиронда беше дополнително комплицирана од редок феномен, односно огромна пожарна бура поттикната од сопствените ветрови и грмотевици. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека ситуацијата е многу неповолна и дека пожарот се движи непредвидливо.

Само на југозападот од Франција, повеќе од 220.000 луѓе беа евакуирани, додека околу 42.000 хектари шума изгореа, што е еден од најголемите пожари во оваа земја од Втората светска војна.

Од почетокот на годината, речиси 98.000 хектари изгореа низ цела Франција.

Макрон рече дека Франција ќе се обнови и дека владата ќе обезбеди помош сè додека е потребна.

Ситуацијата не е подобра ниту во соседна Шпанија, каде што повеќе од 110.000 луѓе мораа да побараат статус на бегалец поради пожарот. Нови пожари избувнаа во близина на Валенсија, каде што околу 15.000 жители беа евакуирани, додека областа Авила, западно од Мадрид, беше погодена од најголемиот пожар во поновата историја на земјата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги посети погодените области и повика на „голем јавен договор за климатската криза“, нагласувајќи дека земјата се соочува со исклучително тешки времиња.

220 илјади евакуирани од југозападна Франција не смеат да се вратат дома додека беснее пожарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот