ВИДЕО | Ашер се обиде да заведе обожавателка со провокативен танц, нејзината реакција го натера да ја истера од сцената
Американскиот пејач Ашер за време на саботниот концерт во Нешвил неочекувано ја прекина интеракцијата со една обожавателка, откако забележал дека таа не реагира како што очекувал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
На снимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како Ашер, без маица, ѝ се приближува на жената која седи на сцената, обидувајќи се да ја вклучи во атмосферата на настапот. Кога сфатил дека таа останува воздржана, се повлекол и ѝ се обратил на публиката со зборовите:
„Мислам дека таа не сака да биде на сцената, луѓе.“
Видеото за кратко време стана вирално, а голем број корисници на социјалните мрежи ја критикуваа обожавателката, оценувајќи дека нејзината реакција била премногу ладна.
Подоцна се огласи и самата жена, која се претстави како Габриел Шајен. Таа истакна дека никогаш не одбила да излезе на сцената и дека воопшто не ѝ пречело што илјадници луѓе ја гледале на големите екрани во арената.
Габриел објасни дека првично со мајка ѝ имале места во партерот, но тимот на Ашер им понудил да бидат преместени во просторот за специјални гости. Додаде дека однапред не ѝ било кажано со кој изведувач ќе се најде на сцената, а Ашер во моментов настапува на заедничка турнеја со Крис Браун.
Во посебна објава таа се осврна и на критиките дека требало да биде поблиска со пејачот пред преполната арена.


