Селена Гомез, Бени Бланко - Фото: Инстаграм

ФОТО | Селена Гомез во минијатурно бикини, ужива со Бени Бланко на јахта во Италија

Пејачката и актерка Селена Гомез на своите следбеници им овозможи поглед во романтичниот одмор што го минува во Италија со сопругот Бени Бланко, пишува „Ин стајл“.

На Инстаграм таа објави серија фотографии од луксузно патување, а најголемо внимание привлече со фотографиите направени на јахта, на кои позира во небесносино бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Дводелниот костим за капење, со текстурирана ткаенина, златни детали и панделка на задниот дел, совршено ја истакна нејзината фигура. Косата ѝ беше собрана во ниска пунџа, а изгледот го надополни со природен изглед, без впечатлива шминка. Во позадина може да се забележи и Бени Бланко, кој ужива читајќи книга.

Покрај фотографиите во бикини, Селена сподели и моменти во бел едноделен костим за капење, како и фотографии од нивното уживање во италијанската кујна, прошетки низ живописните градови и природа.

Објавата доаѓа само неколку дена по нејзиниот 34. роденден, кој го прослави токму во Италија.

„Најпрво сакам неизмерно да му се заблагодарам на секој од вас за поддршката, љубезноста и роденденските честитки. Секој ден можам да создавам благодарение на вас. Ви благодарам што секогаш ме правите најсреќната девојка на светот“, напиша Селена во роденденската објава.

Пред одморот во Италија, Селена и Бени Бланко престојуваа во Лондон, каде што актерката работеше на снимањето на новата сезона од серијата „Only Murders in the Building“.

ФОТО+ВИДЕО | Селена Гомез блесна на Златните глобуси во фустан од „Шанел“, биле потребни повеќе од 320 часа за да се изработи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот