Селена Гомез / Фото: AFF, AFF / Alamy / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Селена Гомез блесна на Златните глобуси во фустан од „Шанел“, биле потребни повеќе од 320 часа за да се изработи

Пејачката и актерка Селена Гомез синоќа го привлече вниманието на јавноста на 83. доделување на наградите „Златен глобус 2026“.

За оваа свечена пригода, таа го оживеа стариот холивудски гламур и ги положи сите свои надежи во креативниот тим на брендот „Шанел“, пишува Си-ен-ен.

Судејќи според реакциите на мрежите, како и титулата „најдобро облечена дама“ на церемонијата на доделување на наградите, можеме да заклучиме дека познатата модна куќа не ги разочарала очекувањата на Селена.

Селена Гомез / Фото: AFF, AFF / Alamy / Profimedia

Повеќе од 320 часа биле потрошени за создавање на оваа креација, која го оживеа стариот холивудски гламур и даде посебна доза на елеганција и гламур на црвениот тепих. Фустанот е направен од шифон, а е украсен со пердуви во горниот дел, како и отворен грб што формира В-деколте.

Треба да се напомене дека кројот на фустанот ја нагласи и витката фигура на Селена, а стајлингот го надополни со дискретен накит од брендот „Шанел“, но и со коса во ретро бранови кои дополнително го нагласија овој изглед. Не треба да се изостави и впечатливата шминка, како и црвениот кармин што го заокружи нејзиното издание.

ФОТО | Модата на Златните глобуси 2026: Филмските ѕвезди блеснаа на црвениот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот