Луѓето се бесни дека Ашер ја допира Алиша Кис на настапот на Супербол: Сега се огласи и нејзиниот сопруг

Фото: Jeff Speer/Icon Sportswire / Newscom / Profimedia

Алиша Кис му беше гостинка на Ашер во шоуто на полувремето на Супербол и двајцата имаа неверојатна хемија на сцената. Во еден момент Ашер ѝ пријде на пејачката и ја прегрна, потег кој на многу од корисниците на социјалните мрежи не им се допадна, па имаше и многу негативни коментари, пишува „Дејли мејл“.

Многумина коментираа дека нејзиниот сопруг, продуцентот Свиз Биц сигурно не е среќен што Ашер така ја допира.

Ден по шоуто, сопругот на Алиша, им се придружи на многу корисници на социјалните мрежи и сподели објава на својот Инстаграм. Тој објави фотографии од неговата сопруга на полувремето и напиша:

– Сите зборувате за погрешни работи. Не го гледате овој неверојатен фустан што го покрива целиот стадион. Изведбата беше неверојатна. Честитки за Ашер и мојата љубов Алиша Кис, таа песна е класика. Не создаваме негативни вибрации овде, правиме историја“, напиша продуцентот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ therealswizzz

Многу фанови му одговорија во коментарите. „Ти си подобар човек од мене, јас би го скршил телевизорот“, „Ова не се разликува од бакнувањето на актери во серија или филм. Сето тоа е стратегија“, „Ова е вистински одговор на троловите“, пишуваат луѓето.

Додека фановите се бесни, тој не изгледа вознемирен што Ашер ја прегрнал неговата сопруга. Двојката е во брак од 2010 година и има две деца. Пред да стапат во врска се познавале со години.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ therealswizzz
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот