ВИДЕО | Повикот од Хари за време на кулинарско шоу ѝ донесе на Меган Маркл нова лавина негативни реакции
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, приреди вистинско изненадување во последната епизода на познатото кулинарско шоу „MasterChef Australia“, каде што се појави во улога на специјален гостин-жири. Снимањето на епизодата во Мелбурн доби сосема неочекуван тек кога нејзиниот сопруг, принцот Хари, ненадејно ја побарал преку видеоповик за да провери како ѝ минува денот, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
Продуцентите веднаш ѝ го подале телефонот, а Меган го поздравила со насмевка и со зборовите „Здраво, љубов моја“. По краткиот разговор, таа со насмевка им прокоментирала на натпреварувачите дека нејзиниот сопруг е вистински „шармер“.

„Викајте ме едноставно Меган“
Пред да започне дегустацијата, кулинарите имале задача да трансформираат секојдневна состојка во софистицирано јадење „достојно за војвотка“. Сепак, Меган уште на самиот почеток ја опуштила атмосферата барајќи од сите да го заборават нејзиниот кралски статус и да ѝ се обраќаат исклучиво по име.
Таа ги охрабрила сите учесници да готват со емоција и да го пренесат сопствениот идентитет во чиниите што ги подготвуваат.
Што сака да јаде кралското семејство дома?
Запрашана од жирито за нејзиното омилено јадење што го подготвува во нивниот дом во Калифорнија, Меган признала дека не е лесно да се задоволат сите вкусови во семејството. Принцот Хари претпочита традиционална британска храна, комбинација од месо, компири и кремасти сосови, додека Меган повеќе сака е свежа риба на скара. Арчи и Лилибет, нивните две деца, редовно помагаат во кујната при подготовката и според неа многу сакаат да јадат.

Тв-повик што ги шокираше сите во студиото
Кога Хари се вклучил во живо за време на самата дегустација, Меган со насмевка им соопштила на присутните:
„Маж ми е на линија!“, што предизвикало шок, овации и аплаузи меѓу натпреварувачите.
Војвотката му ги покажала подготвените специјалитети преку камерата, на што Хари се извинил што го прекинува снимањето, ѝ порачал да ужива во храната и љубезно се одјавил.
Поделени реакции кај медиумите и публиката
Гостувањето на Меган веднаш предизвика бура од реакции во британските медиуми. Додека многумина ја пофалија нејзината топлина, елеганција и начинот на кој остварила искрена комуникација со сите натпреварувачи, критичарите од „Сандеј тајмс“, пак, беа поостри, опишувајќи го настапот како „голема парада на слаткасти комплименти“ која не понудила ништо суштинско за самото натпреварување.
На социјалните мрежи мислењата исто така беа поделени, додека едни беа воодушевени од нејзината непосредност, за други ненадејниот видеоповик од принцот Хари изгледал изрежирано.
Ова тв-појавување доаѓа непосредно по нејзиното сопствено кулинарско шоу „With Love, Meghan“, кое неодамна обезбеди номинација за престижните награди „Daytime Emmy“.


