Меган Маркл / Фото: SUZANNE CORDEIRO / AFP / Profimedia

Нема трета среќа: Меган Маркл останува без серијалот за готвење на Нетфликс

Интензивно промовираната емисија за животен стил и готвење на Меган Маркл, „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan), нема да продолжи на Нетфликс, потврдија повеќе извори за американскиот портал „Пејџ Сикс“ (Page Six).

Иако Меган проектот го опишуваше како „многу напорен“, луѓе запознаени со случувањата откриваат дека серијалот се гаси. Еден од нив изјавил: „Нема да се врати како серија. Имаше разговори за празнични посебни изданија, но во моментов ништо конкретно не се работи.“

Наместо тоа, се наведува дека 44-годишната Маркл ќе се насочи кон развој на својот бренд за животен стил „Како и секогаш“ (As Ever). Според еден извор, „публиката може да очекува слични содржини за готвење и рачни изработки на нејзините општествени мрежи за тој бренд, но во покуси и полесно прифатливи формати“.

Втората сезона на „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan), која беше прикажана минатиот август, не успеа да влезе меѓу десетте најгледани содржини во Соединетите Американски Држави, како што забележа магазинот „Форбс“. Сепак, празничното специјално издание од 2025 година се најде меѓу првите десет на светско ниво, а извори тврдат дека Нетфликс и понатаму го смета проектот за „значаен успех“. Податоците за гледаноста на втората сезона и празничниот специјал се очекуваат во февруари.

По првата сезона, Маркл тврдеше дека публиката ја „обожава“ емисијата и изјави дека критичарите на интернет само „се обидуваат да си ги платат сметките“.

Во интервју за „Кругот со Емили Ченг“ (The Circuit with Emily Chang) таа се осврна на поделениот прием, велејќи: „Мислам дека знаев до кого сакам да допрам.“

За време на настапот на настанот „Моќните жени на Форчјун“ (Fortune’s Powerful Women) во октомври, Маркл зборуваше и за процесот на снимање: „Ова е година на учење… да се работи на епизоди за повеќе сезони е навистина голем напор.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот