Русија се огласи пред средбата меѓу Трамп и Зеленски: Немаме никакви мировни предлози
Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви конкретни информации за нови предлози за мирно решение во Украина. Соопштението доаѓа пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, што треба да се одржи Вашингтон во вторник, објави Ројтерс.
Препорачано
Украински извор минатата недела изјави дека американските и украинските претставници разгледуваат предлог за запирање на воздушните напади. Се очекува предлогот да ѝ биде презентиран на руската страна како дел од новата рунда мировни преговори, рекол изворот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите дека ова се чисто медиумски шпекулации.
„Вистина е дека оваа информација се појави пред неколку дена, но засега тоа се чисто медиумски шпекулации. Нема конкретни детали за ова, како и нови предлози или сугестии“, рече тој.
Песков, исто така, одби да го коментира тврдењето на Зеленски дека Москва се подготвува да прими 30.000 севернокорејски војници во рускиот регион Воронеж.
„Не мислам дека овие изјави треба да се коментираат“, рече Песков, додавајќи: „Не е до Зеленски да зборува за нашите планови“.
ВИДЕО | Лаура Лумер се пишмани и призна дека „се сопна“ на руска пропаганда
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
12мин
-
19мин
-
35мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


