Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рубљата пред нов тест — како ќе се движат доларот и еврото до крајот на јули?

Одлуката на Централната банка на Русија за намалување на клучната каматна стапка не предизвика големи потреси на девизниот пазар, а експертите очекуваат умерени движења на курсот на рубљата до крајот на месецот.

Според проценките на финансиските аналитичари, доларот би можел да се движи во опсег од 77 до 79 рубли, додека еврото се очекува да биде меѓу 87 и 92 рубли. Курсот на кинескиот јуан, пак, би можел да остане стабилен во рамките на 11,40 до 12 рубли. Централната банка на Русија неодамна ја намали клучната каматна стапка на 14 проценти, што беше оценето како внимателен чекор меѓу поддршката на економијата и контролата на инфлацијата- пишува Политика.

Експертите наведуваат дека рубљата и понатаму добива поддршка од високите цени на енергенсите и приходите од извозот. Новите санкции на Европската Унија засега немаа значително влијание врз девизниот пазар, но долгорочно би можеле да создадат дополнителен притисок преку ограничувања во плаќањата, логистиката и пристапот до меѓународните финансиски текови.

Аналитичарите очекуваат дека до крајот на јули нема да има нагли промени на курсот, но идното движење на рубљата ќе зависи од политиката на Централната банка, цените на нафтата и гасот и развојот на геоекономските односи.

Руската рубља продолжува да паѓа, побарувачката за девизи расте

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот