Рубљи/ ЕПА

Руската рубља продолжува да паѓа, побарувачката за девизи расте

Руската рубља денеска падна во претпладневната трговија, продолжувајќи го својот надолен тренд од минатата недела, под притисок на побарувачката на девизи и продажбата на руски средства од странци, објави Ројтерс.

До 10:30 часот по локално време, рубљата поевтини за 0,59 отсто во однос на доларот на 81,59 рубљи, 0,22 отсто во однос на еврото на 89,10 рубљи и 0,34 отсто во однос на јуанот на 11,85 рубљи.

Сепак, според Алексеј Антонов, директор за инвестиции во брокерот АЛОР, иако рубљата и понатаму изгледа слабо и нејзиното движење зависи од побарувачката за девизи, таа и понатаму е „препродадена“. Неговите зборови се поддржани од движењето на акциите на московската берза, пренесе БТА.

Индексот РТС деноминиран во долари денеска порасна за 0,34 отсто на 978,05 поени, а MOEКС базиран на рубља додаде 0,94 отсто на 2.523,34 поени. Суровата нафта „брент“, глобалниот репер за руската нафта, денеска маргинално поскапе за 0,01 отсто на 85,13 долари за барел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот