ВИДЕО | Вандализиран Српскиот културен центар во Куманово: „Ова е последица на континуирана ксенофобија и шовинизам во јавноста“
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави дека вандали го осквернавиле Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово со натписи „УЧК“, оценувајќи дека ваквото однесување е резултат на тоа што неговата партија е две години дел од власта.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Стоилковиќ вели дека ваквите инциденти се последица на континуирана ксенофобија и шовинизам во јавниот простор.
„Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратено со незаслуженот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивљачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде со фолклор (КУД Српски вез) се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира. За политиките кои го потикнуваат ваквото однесување во некоја друга прилика. Никој нема да биде изоставен“, објави Стоилковиќ.
Заштитата на личните податоци го заштити Стоилковиќ од јавен срам


