Србин уапсен за смртни закани кон претседателот, Вучиќ рече: „Ќе му помогнам правно, сигурно е добар домаќин“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ќе се обиде правно да му помогне на човекот кој синоќа бил уапсен под сомнение дека на социјалните мрежи му се заканувал со смрт, објави „Данас“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
„Јас не сум обвинител, ниту сум судија, и колку и да е одвратно да се слуша ова, ќе се обидам да му помогнам. Ќе кажам дека не се чувствувам загрозен, а тоа ќе му помогне во постапката. Затоа што сум сигурен дека во него се крие добар домаќин, добар Шумадиец, кого некој го завел со морничави невистини“, наведе Вучиќ на „Инстаграм“.
Тој оцени дека наводните закани кон него се „резултат на манипулација од оние кои сакале да ја поделат Србија“.
Полицијата го уапси 55-годишниот жител на Крагуевац, со иницијали С.С., кој е осомничен дека на својот профил на „Фејсбук“ објавил видео во кое, мавтајќи со нож, директно му се заканувал со смрт на српскиот претседател и на главниот и одговорен уредник на весникот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ.
Тој е осомничен за кривичното дело „загрозување на сигурноста“ и му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведен пред обвинителството.
Вучиќ го нарече Трамп „убедливо најпопуларниот политички лидер на САД во Србија“


