Стојанче Ангелов / Фото: ДЗС

Прекинот на струја го сопрел хлорирањето на водата во Крушево, Ангелов бара случајот да не се споредува со Гостивар

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со случајот со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи, како што рече, таму имало прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и нема граѓани кои се жалат на здравствени проблеми.

Тој на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, посветена на состојбите со гостиварскиот водовод, рече дека веднаш по информацијата дека и водата во крушевскиот водовод не е исправна, разговарал со крушевскиот градоначалник и бил информиран дека, поради прекин на електричната енергија, околу еден час не работел уредот за хлорирање на водата.

„Затоа случајот во Крушево ни оддалеку не е сличен на она што се случуваше во Гостивар. Веднаш по тој еден час, тој уред што внесува хлор во градскиот водовод продолжил со работа и очекувам состојбата таму веќе да биде целосно стабилизирана. Сепак, повеќе информации треба да се побараат од локалната самоуправа. Повторувам, немаме појава на луѓе што се жалат на здравствени симптоми и воопшто не треба да се споредуваат овие два случаи“, рече Ангелов.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека ниту војската ниту полицијата не треба да ги чуваат водоводните системи, бидејќи во мирнодопски услови таа работа е на Јавното претпријатие кое го снабдува градот со вода.

„Сметам дека, доколку секој си ја работи работата што му е утврдена со законските и подзаконските акти, не би требало да имаме вакви проблеми“, истакна Тошковски.

Гостиварци од денес може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење и за приготвување храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот