Фото: Слободен печат

Граѓаните на Куманово да пријават штети од невремето, повика Општината

Општина Куманово ги повика граѓаните и правните субјекти кои претрпеле материјални штети од невремето што го зафати градот во периодот од 20 до 26 јули 2026 година да поднесат барање до Комисијата за процена на вредноста на штетите од природни несреќи и други непогоди. Барањата треба да се достават во архивата на Општина Куманово, а крајниот рок за поднесување е 31 јули 2026 година.

Кон барањето, како што информираат од Општина Куманово, граѓаните потребно е да се приложат копија од лична карта за физички лица или решение, односно тековна состојба од Централниот регистар за правни субјекти – сопственици на имотот, копија од имотен лист за објектите што претрпеле оштетувања и копија од трансакциска сметка на сопственикот.

Од општината посочуваат дека граѓаните можат, но не се обврзани, да приложат и фотографии од настанатите штети. Доколку при поднесувањето на барањето не биде доставена целата потребна документација, членовите на Комисијата ќе ги известат барателите при увидот на терен за документите што треба дополнително да ги достават за комплетирање на постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот