Гевгеличани затаиле над 60.000 евра данок — увезувале текстил, а не плаќале надоместок за отпад
Финансиската полиција до Обвинителството во Гевгелија поднесе кривична пријава против сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение дека сториле кривично дело „даночно затајување“, со што го оштетиле буџетот за 3.852.067 денари, односно нешто над 60.000 евра.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правното лице, во периодот 2024–2025 година, постапувајќи спротивно на членовите 23 и 54 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, за увезениот текстил од страна на второпријавеното правно лице не пријавил и не платил надоместок за отпад кон Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, во вкупен износ од 3.852.067 денари. Со цел да го прикрие непријавувањето и неплаќањето на законскиот надоместок, првопријавениот на 17.04.2026 година покренал постапка за ликвидација на второпријавеното правно лице пред Централниот регистар на Република Северна Македонија“, соопшти финансиска полиција.
ВИДЕО | Полицијата пронајде кокаин во Скопје, го криеле под бебешко кадифено мече


