За кражба на социјалните мрежи објави пратеникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, тврдејќи дека украденото масло е во вредност од 2 милиона евра.

Осум лица се уапсени за поседување дрога изминатото деноноќие

Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие.

– Ноќта меѓу 25 и 26 јули во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26 јули во 1 часот и 45 минути во тетовското село Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица – информира Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случаите, МВР најавува дека против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот