Долго ќе лежи убиецот кој пијан претепа пријател во Стар Дојран и го остави да умре
56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново денеска е првостепено осуден на 18 години затвор, откако беше прогласен за виновен за убиство на свиреп начин, јавува „СДК.мк“. Тој на 1 ноември лани го уби неговиот пријател Никола Тимев, со кого претходно заедно седеле и пиеле.
Препорачано
„Обвинетиот во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го лишил од живот Никола Тимев. Претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка“. Режак најпрво го удирал Никола со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на екстремитетите и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење. Обвинетиот го оставил на скалите и побегнал“, пишува во обвинението.
Повредениот Тимев го забележале минувачи, кои повикале Брза помош. Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, каде починал од тешките повреди.
Маж од Богданци почина во болница од тешки повреди по тепачка во Стар Дојран


