Фото: Босански алпинисти на руска планина / принтскрин / Zenicablog

ВИДЕО | Главната причина за трагедијата беше погрешната прогноза, сведочи еден од преживеаните босански алпинисти

Планинарот Харис Адиловиќ од Босна и Херцеговина е еден од преживеаните членови на експедицијата од БиХ што се искачи на руската планина Елбрус, а во изјава за руските медиуми разјасни што тргнало наопаку, пренесува Кликс.

Во изјава за руска „Известија“, Адиловиќ рекол дека трагедијата во која петмина алпинисти од БиХ ги загубија животите е резултат на погрешна временска прогноза, а не на недостаток на подготовка на групата.

Адиловиќ рече дека проблемите се појавиле уште од самиот почеток на искачувањето. Групата немала водич, а во почетната фаза еден од учесниците почнал сериозно да се замрзнува, што го принудило водечкиот тим да се врати.

„Другиот тим продолжил да се искачува, но по околу 100-150 метри, и ние решивме да се откажеме од искачувањето. Кога ги обезбедивме јажињата на дел од маршрутата и се искачивме повисоко, видовме дека ситуацијата на врвот е уште полоша. Решивме да се вратиме“, раскажува Адиловиќ.

Тој посочува дека сите членови на тимот се искусни и добро се познаваат, нагласувајќи дека во Босна и Херцеговина алпинистите тренираат речиси секој викенд, бидејќи планините се толку блиску.

„Значи, не стануваше збор за недостаток на подготовка. Мислам дека главната причина беше неточната временска прогноза“, рече Адиловиќ, пренесува „Известија“.

Во трагедијата на Елбрус, загинаа петмина граѓани на Босна и Херцеговина, планинари од Зеница – Мелиха Чаушевиќ, Алма Окановиќ, Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам.

Освен Адиловиќ од Босна и Херцеговина, експедицијата ја преживеа и Кемал Видимлиќ.

Руските спасувачки служби сè уште спроведуваат сложена операција за извлекување на жртвите, и покрај снежната бура, ветерот и екстремно ниските температури што преовладуваат на планината.

ВИДЕО | Трагедија во Русија, петмина Босанци загинаа: „Заминавте како што се запознавте, на планинските врвови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот