Тадеј Погачар/ EPA/MICHELE MARAVIGLIA

Тадеј Погачар по петти пат победи на Тур де Франс и испиша историја

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар продолжува да испишува историја во светскиот велосипедизам, откако по петти пат во кариерата триумфираше на престижната трка Тур де Франс.

Со новата титула, 27-годишниот Погачар се приклучи на одбраното друштво на легендарни велосипедисти кои имаат по пет победи на најпознатата етапна трка во светот. Претходно, словенечкиот ас славеше во 2020, 2021, 2024 и 2025 година.

Покрај Погачар, по пет титули на Тур де Франс имаат и Французите Жак Анкетил (1957, 1961, 1962, 1963 и 1964) и Бернар Ино (1978, 1979, 1981, 1982 и 1985), Белгиецот Еди Меркс (1969, 1970, 1971, 1972 и 1974) и Шпанецот Мигел Индураин (1991, 1992, 1993, 1994 и 1995).

Дополнително, Погачар постави уште едно значајно достигнување, станувајќи најмладиот велосипедист во историјата кој успеал да стигне до пет титули на Тур де Франс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот