Дали Винисиус ќе ја напушти шпанската престолнина? Бразилецот е најголемата желба на Арсенал
Иднината на Винисиус Жуниор во моментов е едно од најголемите прашања во фудбалскиот свет. Бразилската ѕвезда влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид, а тоа ја отвори вратата за интерес од неколку европски гиганти, најмногу од Арсенал.
Препорачано
Според повеќе англиски медиуми, лондонскиот клуб сериозно ја следи ситуацијата и веќе разгледува можност да се обиде да го доведе 26-годишниот крилен напаѓач, доколку преговорите за новиот договор помеѓу Реал и Бразилецот не завршат успешно.
Артета го гледа како идеално засилување
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака да донесе докажана светска ѕвезда во нападот, а Винисиус е точно тоа што го бара Шпанецот.
Откако не успеаја да го ангажираат Морган Роџерс, кој заврши во Челси, „топчиите“ почнаа да разгледуваат нови опции за левото крило. Сепак, според информациите на „Би-би-си“, Винисиус моментално е прва желба на Артета.
Во Арсенал се свесни дека евентуален трансфер ќе биде исклучително тежок, но веруваат дека клубот финансиски може да издржи ваква операција.
Винисиус не сака да си замине
За повеќето јужноамерикански фудбалери, играњето за Реал Мадрид или Барселона е доживотна амбиција. Напуштањето на шпанската престолнина, дури и за клуб толку славен како Арсенал, би се сметало, во најдобар случај, за чекор „во место“ во кариерата. Со оглед на тоа што Реал е веројатно најголемиот клуб на планетата, постои чувство дека напуштањето на „Бернабеу“ би влијаело и на комерцијалниот бренд на играчот.
Според извори блиски до клубот, Бразилецот и понатаму е расположен да остане во Мадрид, но сака да почувствува дека клубот навистина го цени и дека е меѓу најважните играчи во проектот.
Новиот тренер Жозе Мурињо јасно им порачал на клупските челници дека сака да ги задржи сите најголеми ѕвезди, а Винисиус е еден од клучните фудбалери околу кои треба да се гради тимот.
„Кралскиот клуб“ не смее да си дозволи ситуацијата да остане нерешена. Ако договорот не биде продолжен, Винисиус од јануари ќе може слободно да преговара со други клубови, а следното лето да замине без обесштетување.
Такво сценарио би претставувало огромен финансиски удар, дури и за клуб со моќта на Реал Мадрид.
Трансфер што би урнал рекорди
Пазарната вредност на Винисиус се проценува на повеќе од 200 милиони фунти.
Меѓутоа, бидејќи му останува уште една година од договорот, евентуалното обесштетување би било нешто пониско, но сепак би било рекордно.
Како споредба се наведува трансферот на Еден Азар во 2019 година, кога Реал му плати на Челси до 130 милиони фунти, иако Белгиецот исто така влегуваше во последната година од договорот.
Винисиус е помлад и моментално е еден од најпрепознатливите фудбалери во светот, па се проценува дека Реал би барал најмалку 130 милиони фунти, а веројатно и нешто повеќе.
Тоа значи дека Арсенал би морал да го урне британскиот трансфер-рекорд ако сака да го ангажира Бразилецот.
🚨 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆: Arsenal would need to 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊 the all-time British transfer record to sign Vinícius Jr. 😲💰
According to @SamiMokbel_BBC Mikel Arteta is very keen on signing the Brazilian, making him Arsenal’s number one target this window.
The current British… pic.twitter.com/oGBjWIoMst
— 433 (@433) July 27, 2026
Огромната плата е дополнителен проблем
Финансискиот предизвик не завршува со обесштетувањето.
Според повеќе извори, Винисиус во Реал заработува меѓу 15 и 17 милиони евра нето годишно, што во Англија би значело неделна плата од околу 450.000 до 500.000 фунти пред оданочување.
Тоа би го направило убедливо најплатениот играч во Арсенал.
Иако Букајо Сака неодамна потпиша нов договор вреден околу 365.000 фунти неделно, евентуалното доаѓање на Винисиус би значело враќање на политиката на екстремно високи плати, нешто што Артета се обидуваше да го избегне уште од своето доаѓање во клубот.
Сепак, Арсенал верува дека преку договор за имиџ-права и комерцијални приходи би можел да ја направи понудата доволно атрактивна.
Бразилската врска што може да го донесе Винисиус во Лондон
Арсенал има уште еден адут на кој се надева. Во лондонскиот клуб веруваат дека блиските врски на Винисиус Жуниор со неколку Бразилци кои настапуваат во тимот, би можеле да имаат позитивно влијание врз неговата конечна одлука. Габриел Магаљаеш има многу добар однос со Винисиус Жуниор.
Нивното пријателство станува сè поочигледно и на социјалните мрежи, каде редовно си даваат поддршка. Кога Винисиус заврши втор во изборот за „Златната топка“ зад Родри, дефанзивецот на Арсенал објави фотографија од својот репрезентативен соиграч на Инстаграм, придружена со емотикон од златен медал и пораката „melhor do mundo“, што во превод значи „најдобар во светот“. Покрај Габриел, за „топчиите“ настапуваат и уште двајца Бразилци, Габриел Мартинели и Габриел Хесус, а сè поизвесно е дека на оваа бразилска колонија ќе се приклучи и Бруно Гимараеш од Њукасл.
Gabriel Magalhaes on Instagram after Rodri beat his Brazilian teammate Vinicius Jr to the Ballon d’Or last night:
“Best in the world!!! 🥇” pic.twitter.com/XcjUH6hhBR
— now.arsenal (@now_arsenaI) October 29, 2024
🇧🇷 🔜 🔴⚪️ ✍️ pic.twitter.com/RQ8Rse9sq8
— Arsenal Radar (@ArsenalRadar) July 27, 2026
Трансферот на Диоманде не го менува планот на Реал
Во меѓувреме, Реал Мадрид работи и на трансферот на младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде од РБ Лајпциг.
Сепак, шпанските медиуми нагласуваат дека евентуалното доаѓање на Диоманде нема никаква врска со иднината на Винисиус.
🚨🆕 Real Madrid’s second bid for Yan Diomande (€110-115m package) has not been rejected yet.
A deal worth around €120m is considered realistic, but further talks are needed over the structure. RB Leipzig want a higher guaranteed fee and fewer performance-related bonuses.
No… pic.twitter.com/K1x0u2L3fZ
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) July 27, 2026
Во клубот го гледаат Диоманде како дополнително засилување за нападот, а не како негова замена. Неговото доаѓање многу повеќе би можело да влијае врз иднината на Гонзало Гарсија, Франко Мастантуоно и Брахим Дијаз, отколку врз статусот на Винисиус.
Сè уште најреално е продолжување на договорот
Иако Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира доколку се отвори можност, сите актуелни информации упатуваат на тоа дека Винисиус останува најблиску до продолжување на договорот со Реал Мадрид.
Нови разговори меѓу двете страни се закажани во текот на оваа недела, а во Мадрид владее оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат конечен договор и ќе биде ставен крај на трансфер-сагата.


