Најбараниот фудбалер во светот, Јан Диоманде, избра каде ќе игра следната сезона
Јан Диоманде, 19-годишното чудо од Брегот на Слоновата Коска и еден од најбараните млади фудбалери во светот, одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Sky Sports, Диоманде го известил фудбалскиот клуб Лајпциг дека неговата прва желба е да се пресели во редовите на актуелниот европски шампион ПСЖ. Парискиот клуб веќе ги договорил личните услови со крилниот напаѓач до 2031 година, а сега следуваат преговори меѓу двата клуба околу висината на обесштетувањето.
Ливерпул беше најупорен, но преговорите заглавија
Ливерпул бил подготвен да плати дури 86 милиони фунти, но Лајпциг бара значително поголема сума, поради што „црвените“ засега се повлекле од трката. Ситуацијата внимателно ја следеле и од Манчестер сити, но се чини дека ПСЖ, кој тивко работеше на трансферот и реагираше во вистински момент, е во најдобра позиција да го ангажира еден од најголемите светски таленти.
Во пресрет на Светското првенство, на кое моментално настапува, Диоманде ја трогна фудбалската јавност со емотивно писмо посветено на својата почината 15-годишна сестра. Во него го опиша нивниот тежок животен пат и ветувањето дека ќе го оствари нивниот заеднички сон. Неговата потресна исповед го обиколи светот.


