фото/Yonhap News / Newscom / Profimedia

Поради смртните закани кон поранешниот селектор, репрезентацијата на Јужна Кореја се враќа под силно полициско обезбедување

Елиминацијата на Јужна Кореја од Светското првенство уште по групната фаза му го претвори животот во пекол на селекторот Хонг Мјунг-бо.

Хонг Мјунг-бо поднесе оставка ден по испаѓањето на Јужна Кореја од Светското првенство, преземајќи целосна одговорност за неуспехот.

Претседателот на државата изјави дека неуспехот е „директна последица на неспособното и неодговорно раководење, како и на длабоко вкоренетиот систем на фаворизирање“.

Ли Џе-мјунг истакна дека селекторот носел лични одлуки, а цената за тоа ја плаќаат спортистите и дека вакво нешто не смее да се повтори.

Државната телевизија дури го замагли ликот на поранешниот селектор во својата програма.

Разочарувањето брзо прерасна во бес, па Хонг Мјунг-бо добил повеќе смртни закани.

Поради тоа, јужнокорејската полиција презема обемни безбедносни мерки на аеродромот каде што ќе слетаат фудбалерите и сега веќе поранешниот селектор.

На аеродромот ќе бидат распоредени 160 припадници на единицата за разбивање демонстрации, заедно со аеродромската полиција. Дополнително, ќе има и 25 специјално обучени телохранители.

Хонг Мјунг Бо веќе не е селектор на Јужна Кореја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот