Фото: instagram.com/thekfa

Хонг Мјунг Бо веќе не е селектор на Јужна Кореја

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг Бо, поднесе оставка еден ден откако неговиот тим официјално го заврши својот настап на Светското првенство, пренесува „Би-би-си спорт“.

Искусниот 57-годишен тренер одлучи да се повлече веднаш откако тимот се врати дома откако се соочи со жестоки критики од јавноста, медиумите и јужнокорејскиот претседател.

Јужна Кореја го отвори Светското првенство со победа над Чешка, но загуби со 1:0 од Мексико и Јужна Африка во преостанатите два натпревари од групната фаза. Овој настап не беше доволен за да се пласира во нокаут фазата, бидејќи Корејците завршија меѓу четирите третопласирани репрезентации кои беа елиминирани од турнирот.

Хонг Мјунг Бо по вторпат не успеа со националниот тим да ја помине групната фаза на Светското првенство. Првпат го ја водеше селекцијата на Светското првенство во 2014 година, кога завршија последни во својата група зад Белгија, Алжир и Русија.

Со оставката на Хонг Мјунг Бо, Јужнокорејската фудбалска асоцијација сега ќе започне со потрага по нов селектор, кој ќе има задача да ја врати репрезентацијата на победничките патеки по разочарувачкиот настап на Мундијалот 2026.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот