Фото: EPA/SAM WASSON

Мундијалот со зголемување на ефективното време за игра од ЛШ, Премиер лигата, Серија А

По возбудливата групна фаза на Светското фудбалско првенство, започнаа натпреварите од нокаут фазата, и интересно е да се забележи дека некои од мерките што ФИФА ги воведе пред турнирот донесоа позитивни движења во играта.

Светската фудбалска организација одлучи да стави крај на одолговлекувањето во изведувањето на аут и гол-аут со големи промени и иновации, а исто така презеде мерки против играчите кои лежат на тревата и одземаат време „глумејќи“ дека имаат сериозна повреда.

Сето ова резултираше со зголемување на ефективното време за игра, а ФИФА се чини дека ја добива „војната“ против некои од најдосадните навики на фудбалерите.

Споредба на просечното ефективно време на големите европски натпреварувања оваа година со Светското првенство во 2026:

58:08 – Светско првенство

56:43 – Лига на шампиони

56:18 – Бундеслига

56:17 – Лига 1

55:23 – Премиер лига

55:09 – Ла Лига

54:28 – Серија А

Сè би изгледало уште подобро доколку немаше паузи за хидратација, а ако може да се верува на УЕФА, тие нема да ја прифатат оваа практика, во иднина сите треба да гледаме повеќе како топката е во игра отколку како се прекинуваат натпреварите. Секако, доколку се скратат ВАР проверките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот