Фото: EPA/Chema Moya

Синер по пет сета успеа да го совлада Кецмановиќ на Вимблдон

Бранителот на титулата и прв светски рекет, Јаник Синер доста се мачеше во својот прв меч на грен слем турнирот Вимблдон во Лондон.

Италијанецот дури по пет сета со 6:4, 3:6, 7:6 (6), 6:2 и 6:3 го елиминираше Миомир Кецмановиќ од Србија по три часа и 32 минути игра.

Тенисерите во првиот сет освојуваа гемови на свои сервиси сѐ до деветтиот, кога Кецмановиќ направи брејк што му беше доволен за да поведе во мечот.

Синер направи брејк на Кецмановиќ во вториот гем од вториот сет, ја задржа предноста во брејкот и го израмни резултатот на 1:1.

Во третиот сет немаше брејк и се играше тај-брејк, кој српскиот играч го доби со 8:6.

Потоа Синер го засили темпото на игра, правејќи два брејка во четвртиот сет и еден брејк во петтиот, и со победа во пет сета, ја започна одбраната на титулата.

Синер во второто коло на Вимблдон ќе игра против Португалецот Нуно Боржеш кој со 6:3, 7:5 и 7:5 триумфираше против Американецот Тристан Бојер.

Со победа почна и Гркот Стефанос Циципас кој убедливо со 6:1, 6:4 и 6:2 елиминираше квалификант, Французинот Уго Гастон.

Во второто коло Циципас ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Јибинг Ву од Кина и Новак Ѓоковиќ од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот