Мурињо брутално искрен: „Некои натпревари на Мундијалот ги исклучувам по 10 минути“
Новиот шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јавно го изнесе своето мислење за актуелното Светско првенство, испраќајќи јасна порака дека воопшто не е задоволен од она што го прикажуваат екипите на теренот.
Препорачано
Харизматичниот Португалец без задршка призна дека фудбалот на шампионатот не му го задржува вниманието, а главната причина за падот на квалитетот, според него, е новиот формат на натпреварувањето и проширувањето на дури 48 национални селекции.
„Морам да бидам искрен. Некои натпревари ги исклучувам веќе по десет минути“, изјави трофејниот менаџер, а потоа подетално го анализираше моменталниот фудбал на планетарната сцена.
„Не ми се допаѓа тоа чувство. За мене Светското првенство е врвот на врвовите. Овде не е можно да гледаме 7:1 или 5:1. Ова е Мундијал!“
Од друга страна, искусниот стратег најде и една позитивна страна на целиот проект, истакнувајќи дека турнирот, без разлика на случувањата на теренот, сè уште има неверојатна социјална и емотивна вредност за планетата.
„Убаво е бидејќи целиот свет дише за фудбал“, заклучи Мурињо.
View this post on Instagram
Марез „потврди“ дека натпреварот Алжир-Австрија е наместен: „Срамно е, но тоа е фудбалот“


